Американското Федерално истражно биро (ФБИ) денеска ја уапси окружната судијка од Висконсин, поради наводно помагање на еден човек да ги избегне антиимиграциските мерки во САД, изјави директорот на ФБИ, Кеш Пател.
Пател на Икс објави дека ФБИ има основано сомневање дека судијката Дуган „намерно им дала лажни информации на федералните агенти за субјектот да не биде уапсен во нејзината судница“.
Тој „субјектот“ го идентификува како државјанин на Мексико, Едуардо Флорес Руиз, додавајќи оти постапките на судијката Дуган му овозможиле на Руиз да избегне апсење. Пател неколку минути подоцна на избриша објавата.
Руис дознал дека ќе биде апсен и побегнал, ноп агентите го уапсиле пред зградата на судот.
Американското Министерство за поравда во јануари најави дека ќе се пресмета со локалните претставници за кои се сомнева дека ја попречуваат антиимиграциската акција и издаде соодветни упатства до обвинителите.