ФБИ спречиле заговор за напад врз американски воен објект во предградие на Детроит

Деветнаесетгодишен маж е уапсен по месеци планирање напад врз американски воен објект во предградие на Детроит, јавија американските медиуми, повикувајќи се на локалните власти.

Според обвинителите, младиот човек планирал масовно пукање во име на ИД во Командата за тенкови, возила и вооружување на Армијата во Ворен, позната и како Детроитски арсенал.

Тој не бил свесен дека ги крои своите планови со двајца тајни агенти на Федералното истражно биро (ФБИ) кои снимале аудио и видео од нивните состаноци со него, вклучувајќи рачно нацртани дијаграми од локацијата.

Планот предвидувал еден од тајните агенти да биде испратен во воениот објект со молотови коктели и огнено оружје.

Човекот, кој до неодамна бил член на Националната гарда на Мичиген, е уапсен вчера кратко откако испратил дрон за да изврши последен увид пред нападот, наведе ФБИ во судски документ. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни