И Европската унија планира да блокира увоз на одредени намирници за да ги заштити своите земјоделци, по углед на реципроцитетната трговска политика на американскиот претседател Доналд Трамп, објави Фајненшл тајмс, повикувајќи се на свои извори.
Европската комисија следната недела ќе се согласи да истражи построги увозни граници, наведува весникот повикувајќи се на изјави на три неназначени функционери.
Меѓу првите намирници чии увоз може да биде ограничен или блокиран се американските култури, како што е сојата, која се одгледува со помош на пестициди чие користење не е дозволено за земјоделците во ЕУ, се вели во извештајот што го пренесе Ројтерс.