Кои мерки ги препорачува Владата?
На предлог на Министерството за здравство, донесени се следниве итни препораки за работната средина:
Ослободување од работа за бремени жени и лица над 60 години, освен ако се вработени во критична инфраструктура (здравство, полиција, армија, транспорт, енергетика, комунални служби).
Одложување на активности на отворено во период од 11:00 до 17:00 часот за сите работници изложени на директна сончева светлина.
Работа од дома, флексибилно или двократно работно време – каде што е можно.
Работодавачите се должни да обезбедат услови за работа во простории со температура до 25°C, освен во случаи кога тоа не е изводливо поради природата на работата.
Активирање на вонредни протоколи во здравствени установи, домови за стари лица и образовни институции, согласно нивните интерни планови за кризна состојба.
Целта на мерките
Овие мерки имаат за цел превентивна заштита на здравјето на граѓаните и обезбедување институционална подготвеност во услови на екстремни горештини. Министерството за здравство апелира за одговорност, почитување на препораките и внимателно следење на состојбата во наредните денови.