Фатос Груби за Изложбата на стрипови која е дел од кампањата „Биди чудо од девојка“ на Мрежа Стела

Родовата еднаквост е неизбежна за напредок и вистински промени

Авторите на стриповите создале дела кои ги изразуваат нивните желби за еднаквост, нивната критика на сегашниот статус кво кој исклучува девојки од спорт и жени од унапредувања на работни места. Тие ги споделија и нивните лични искуства со родовата нееднаквост, како и прикажале историски случаи на сексизам. Сето ова, кога е претставено во форма на уметност, може да има силен импакт врз луѓето, а импактот води кон промена.

Фатос Груби е писател, новинар и активист за правата на жените, водител на утринската емисија
во Алсат М и проектен асистент во Мрежа Стела. Со кариера што ги опфаќа медиумите и
активизмот, тој соработувал со неколку невладини организации, како што се Еквалис, Советот за
етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и сега и Мрежа Стела. Како писател и новинар во
Mollekuqja.mk, Фатос ја користи оваа платформа за да се слушне гласот на маргинализираните
групи и да ги предизвика патријархалните норми во Северна Македонија, охрабрувајќи ја
помладата генерација да зборува и да се залага за своите права.

Повод за разговор со Фатос беше изложбата на стрипови „Од уметност кон родова еднаквост“, која е дел од кампањата „Биди чудо од девојка“ и која во петокот беше отворена во Центар Јадро. На изложбата беа претставени 19 инспиративни дела од 19 авторки и автори, кои преку својата уметност испраќаат пораки за поубав и поеднаков свет. Со Фатос зборувавме за изложбата, за тоа колку стрипот како медиум може да влијае на промените во општеството, за младите уметници и за родовата еднаквост која е во основата на оваа кампања.

Tрн: Кажете ни нешто за сaмиот проект и за идејата за конкурсот на стрип како дел од него?

Фатос: Менторската Мрежа Стела со години наназад работи на подинување на свеста за колку е значајна солидарност, поддршката и менторство како алатка за уривање на родовите бариери и очекувања од девојчитата и жените. Покрај менторската поддршка во академскиот и професионалниот свет – како Мрежа Стела се залагавме менторскиот процес да стане дел од формалнот образование.
Токму и така започна иницијативата да го креираме проектот Еднакви можности за жените и
девојчињата во Северна Македонија, а преку соработката со НМСМ успеваме тоа да го направиме
на повеќе нивоа и да вклчуиме повеќе младински организации – каде и кариерното советување го
надополнува менторството – креирајќи можност за сите на национално ниво. Овој проект е
посветен на уривање на бариерите и стереотипите, со цел отворање нови можности за
девојчињата и младите жени во нашето општество. Затоа нашата Кампања – „Биди Чудо од Девојка“
ги слави и ги вреднува сите успеси на девојките и ги поттикнува да ги споделуваат со нас за да
бидат признаени и препознаени, но и поддржани. Конкурсот за стрипови имаше за цел да опфати различни аспекти од борбата за родовата еднаквост. Уметничките дела поттикнаа теми кои ќе придонесат кон подобро општество, ќе ги разбијат стереотипите и ќе внесат позитивни промени. Било преку лични приказни, општествени размислувања или имагинативни наративи, ги охрабривме стрип-автор(к)ите да се нурнат длабоко во темата и да ги изразат своите уникатни перспективи.

Tрн: Колку стипови пристигнаа и како сте задоволни од тоа што го добивте од младите уметници?

Фaтос: Вкупно ни пристигнаа 19 стрипови.
Многу сме задоволни од сите доставени дела, главно затоа што со ваков голем број имавме
можност да видиме голема разновидност како во уметничкиот израз, така и во содржината. Тоа е
затоа што авторките и авторите кои ги испратија своите дела беа од различни возрасни групи,
професионалки и аматерки, но пред се ентузиајстични луѓе кои нудат различни перспективи за
важноста на родовата еднаквост.

Tрн: Може ли уметноста да биде една од патеките по која ќе се стаса до родова еднаквост?

    Фатос: Секако дека може. Може да се каже дека сета уметност е израз на нашите искуства: нашите
    мисли, нашите борби и нашите соништа. Авторите на стриповите создале дела кои ги изразуваат
    нивните желби за еднаквост, нивната критика на сегашниот статус кво кој исклучува девојки од
    спорт и жени од унапредувања на работни места. Тие ги споделија и нивните лични искуства со
    родовата нееднаквост, како и прикажале историски случаи на сексизам. Сето ова, кога е
    претставено во форма на уметност, може да има силен импакт врз луѓето, а импактот води кон
    промена.

    Tрн: Имаше ли разлика помеѓу тоа како ја презентираат мажите, а како жените во нивните стрипови темата родова еднаквост?

      Фатос: Темата сите учесници ја имаа претставено како лично многу важно прашање за нив и за нашето општество. Осбено забележливо беше што сите учесници изразија голема подготвеност преку стрипот како уметност, родовата еднаквост да ја претстават како неизбежна за напредок и
      вистински промени. Во нивните дела се гледаше нивната надеж и ентузијазам за еднакви
      можности за сите девојки и момчиња, но и нивната непоколебливост да се борат за еднакви
      можности

      Tрн: Колку стрипот како медиум може да влијае на промените во општеството?

        Фатос: Стрипот како медиум може да има значително влијание врз општествените промени, иако често се смета за популарна или забавна форма на уметност. Неговото влијание доаѓа од уникатниот начин на раскажување приказни преку комбинација на визуелни и текстуални елементи, што овозможува стриповите да пренесат длабоки пораки и идеи. Тематските стрипови како овие за родова еднаквост можат да го подигнат нивото на разбирање и свест во општеството за предизвиците со кои се соочуваат овие групи. Визуелно претставуање на неправдата и болката може да нѐ направи посвесни и вклучени, но уште повеќе моќта на стрипот може да ни помогне.

        Tрн: Со оглед на тоа дека конкурсот е за млади автори, гледајќи ги пристигнатите дела, што мислитe за младата стрип сцена во земјава?

        Фатос: На конкурсот имаше интергенерациско претставување на стрипот како уметност. Младите кои учествуваа на конкурсот преку своите уверувања, вредности но и лични приказни искуства ја
        прикажаа својата креативност и својата борба за промени во општеството. Многу сме горди и
        задоволни што сите учесници изработија неверојатни дела и што младите ја покажуваат својата
        креативност и го креваат гласот за важни општествени прашања. Поради тоа веруваме дека
        младите стрипаџии и стрипаџики имаат голем потенцијал за да ги изразат своите ставови преку
        уметноста па затоа е потребна поддршка и создавање простори каде тие ќе се чувствуваат
        слободни и вреднувани.

        е-Трн да боцка во твојот инбокс

        Најново

        Последни колумни