Фасцинантно и прекрасно откритие: На Тахити пронајден редок џиновски корален гребен

На длабочина од повеќе 30 метри од брегот на Тахити, научниците открија џиновски корален гребен во форма на роза. Ова е важно откритие бидејќи коралните гребени страдаат од климатските промени и умираат.

„Тоа е еден од најголемите корални гребени во светот, на длабочина од повеќе од 30 метри. Беспреклорната состојба на коралите во облик на роза и обемот на областа што ја покриваат го прават ова многу необично откритие“, се вели во соопштението на УНЕСКО, кое ја поддржува научната мисија. мисија.


Гребенот е долг повеќе од три километри, широк меѓу 30 и 65 метри и длабок меѓу 35 и 70 метри, прецизира УНЕСКО, додавајќи дека некои џиновски корали имаат дијаметар од два метри.

„Тоа е малку истражена област. Она што добро го знаеме се областите меѓу нула и 30 метри“, објаснува за AFP Летиција Едун, морски биолог и специјалист за корали во францускиот истражувачки центар CNRS и организацијата за истражување на животната средина CRIOBE.

„Овие корали не покажуваат знаци на стрес или болест“, додаде таа, алудирајќи на проблемот со „белењето“ на гребените кога ќе изумрат.

„Ние сме на почетокот на она што се надеваме дека ќе биде долгорочна програма за следење за подобро да разбереме зошто овој корален гребен не е видливо погоден од климатските промени и каква е неговата динамика на популација“, рече Едун.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни