Заситените масти кои се наоѓаат во одредени намирници за појадок може да го подигнат „лошиот“ ЛДЛ холестерол, ставајќи го во ризик нашето кардиоваскуларно здравје. Без разлика дали се тоа ео хамбургер или чипс, одредени видови на храна се очигледно лоши за холестеролот. Сепак, популарниот појадок може да биде лош и за вашите артерии.
„Луѓето со висок холестерол треба да избегнуваат колачи кои се купуваат во продавница, бидејќи тие имаат тенденција да се богати со заситени масти, како што се путер и масло, додадени шеќери и генерално сиромашни со хранливи материи“, изјави фармацевтот Абас Канани за Дејли експрес.
Премногу холестерол во крвта предизвикува затнување на артериите
Заситените масти, кои се наоѓаат во оваа популарна храна за појадок, го зголемуваат „лошиот“ холестерол, а премногу холестерол во крвта може да предизвика таложење на масни материи во артериите, што предизвикува нивно затнување. Ова го зголемува ризикот од сериозни здравствени проблеми како што се срцеви заболувања и мозочен удар.
Дополнително, многу луѓе со висок холестерол дури и не знаат дека нивното ниво е превисоко додека не ги развијат овие проблеми. Бидејќи изборот на здрава исхрана може да го надомести овој ризик, фармацевтот препорача алтернатива.
„Бобинките, како што се капините и јагодите, се особено добри бидејќи помагаат во намалувањето на нивото на холестерол во крвта во вашето тело“, заклучи Канани.
Извор: daily express