Режисерка на филмот е Кукла, а продукцијата е на „Децембер“ од Љубљана. Македонски малцински копродуцент е „Круг филм“ од Скопје, со поддршка од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.
Дел од снимањето се одвиваше во Крушево во 2023 година, со учество на бројна македонска екипа. Меѓу авторите се сценографот Михаил Панев, кастинг директорката Александра Кардалевска, актерките Марија Новак и Душица Стојановска-Настовска, а улоги остварија и Василка Костадиноска и Љубиша Бојовиќ. Македонски продуцент е Дејан Крајчевски.

Филмот ќе се натпреварува и во официјалната конкуренција на претстојниот Филмски фестивал во Сараево, Босна и Херцеговина, каде на 17 август 2025 година ќе ја има својата регионална премиера.