Фановите се убедени дека ова е новиот Џејмс Бонд: Една личност е клучна за целата приказна!

Кој ќе го наследи Даниел Крег во улогата на легендарниот агент 007? Ова прашање со години го окупира вниманието на јавноста и медиумите, а иако сè уште нема официјална потврда, фановите веруваат дека можеби конечно откриле трага, и тоа што води директно до – Том Холанд.

Откако Бонд последен пат беше виден во филмот „Нема време за умирање“ (2021), каде што неговиот лик доживеа експлозивен крај, почнаа шпекулациите за тоа кој ќе влезе во неговиот познат костум и улогата на најпознатиот британски шпион.


Арон Тејлор-Џонсон моментално е меѓу фаворитите, но често се споменуваат и други големи имиња како Идрис Елба, Џејмс Нортон, Харис Дикинсон, Џош О’Конор, Том Харди и Хенри Кавил. Но, со оглед на бројот на можни кандидати, јасно е дека изборот се уште е целосно отворен.

Зошто фановите мислат дека Том Холанд е новиот Бонд?

Новиот бран на гласини дека Том Холанд би можел да биде идниот Џејмс Бонд беше предизвикан од најавата дека Ејми Паскал и Дејвид Хејман ќе го продуцираат следниот филм за Џејмс Бонд за студиото Амазон МГМ, прв откако Амазон ја презеде креативната контрола на франшизата.

Ејми Паскал, долгогодишен продуцент на филмовите за Спајдермен, соработуваше со Том Холанд на неговата улога како Питер Паркер, додека Дејвид Хејман е најпознат по неговата работа на серијата Хари Потер.

Таа врска беше доволна за фановите на Редит да заклучат: „Интересно е како сè некако води кон Том Холанд да изгледа дека тој ќе биде новиот Бонд. Холивуд како само да чека да наполни 30 години. Со Ејми Паскал на чело, тоа е повеќе од можно.

Мислењата се поделени

Иако некои фанови едвај чекаат да го видат Том во улога на шпион, други веруваат дека тој не е вистинскиот избор – пред се поради неговиот младешки изглед и преокупираноста со други франшизи (Uncharted, Spider-Man). Искрено, мислам дека подобро би се снашол како негативец од Џејмс Бонд“, напишал еден корисник на Редит.

Интересно е и тоа што Паскал работеше и на филмовите Venom со Том Харди и Челинџерите (2024) со Џош О’Конор, кои и двајцата се исто така кандидати во очите на обожавателите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни