Search

ФАМЕ’С Институтот со концерт на Скопско Лето 2024

Во Сули Ан, во Старата Скопска Чаршија на 6 јули во 20.30 часот, во рамките на годинешното издание на фестивалот Скопско Лето 2024, концерт ќе одржи ФАМЕ’С Институтот.

,,Нашиот оркестар кој го сочинуваат млади талентирани музичари од цела Европа, ќе имаат можност на овој концерт да настапат заедно со светски признатиот диригент Конрад ван Алфен, веќе познат на нашата публика. Огромно е задоволството што сме домаќини на популарниот Џез саксофонски квартет ,,АРТВАРК” од Холандија, чијашто музика ќе биде изведена на овој концерт. Покрај композициите напишани од членовите на АРТВАРК квартетот, на програмата на овој концерт ќе биде изведен и Концертот за гудачи од Нино Рота” , најавуваат од ФАМЕ’С Институтот.

Најново

Последни колумни