Falcon 9 направи одлични фотографии од Земајта при лансирањето на сондата „Хера“

Ракетата Falcon 9 на SpaceX направи прилично специјално селфи во вселената откако ја лансираше сондата „Хера“ на Европската вселенска агенција.
Фото: SpaceX/ESA

Снимката, покажува прекрасна сина Земја која лебди во вселената покрај млазницата на моторот Мерлин од горната фаза на Falcon 9.

Фото: SpaceX

Земјата изгледа помала отколку што обично изгледа на ваквите фотографии од лансирањето, бидејќи е доста далеку од камерата.

Сондата „Хера“ се движи кон бинарен астероиден систем кој се состои од голема вселенска карпа наречена Дидимос и нејзиниот помал придружник Диморфос. Ќе стигне таму кон крајот на 2026 година, ако се оди според планот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни