„Фалат“ четири милиони долари од фондацијата на принцот Хари и Меган Маркл

Меган Маркл и принцот Хари се под истрага откако исчезнале околу 4 милиони долари од нивната фондација Арчвел.
Фото: Mark Jones, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Ваквата информација се појави во британските медиуми кои наведуваат дека тие се под истрага на даночната управа и дека се чека нивна изјава, откако е откриено дека четири милиони долари од својата фондација не се пријавени во даночната пријава.

Фондацијата изминате две години добила два грантови во износ поголем од шест милиони долари, а во пријавата на даноци било прикажано дека има нешто повеќе од два милиони.

Откритието само поттикна дополнителни шпекулации за тоа што всушност се случило со исчезнатите милиони.

Се претпоставува дека се е легално и дека милионите што „испаруваат“ ќе се одразат во следната даночна пријава. Сепак, даночната управа сега подетално ќе ги прочешла сите ставки.

Извор: Б92

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни