Ваквата информација се појави во британските медиуми кои наведуваат дека тие се под истрага на даночната управа и дека се чека нивна изјава, откако е откриено дека четири милиони долари од својата фондација не се пријавени во даночната пријава.
Фондацијата изминате две години добила два грантови во износ поголем од шест милиони долари, а во пријавата на даноци било прикажано дека има нешто повеќе од два милиони.
Откритието само поттикна дополнителни шпекулации за тоа што всушност се случило со исчезнатите милиони.
Се претпоставува дека се е легално и дека милионите што „испаруваат“ ќе се одразат во следната даночна пријава. Сепак, даночната управа сега подетално ќе ги прочешла сите ставки.
Извор: Б92