Студентите на Белградскиот факултет за организациски науки (ФОН) се приклучуваат на универзитетските блокади во знак на солидарност со жртвите на од Нови сад и претепаните колеги од ФДУ, соопшти денеска Организациониот одбор на ФОН.
„По трагедијата во Нови Сад, каде што загинаа 15 лица, вклучувајќи ја и студентката од Филолошкиот факултет, група неидентификувани напаѓачи ги претепале колегите од ФДУ за време на мирниот протест. До денес, извршителите не одговориле за овие злосторства. Како одговор на овој настан, студентите од ФДУ го блокирале својот факултет, а наскоро им се приклучиле студенти од многу факултети низ Србија, со центри на организација во блокираните згради на Универзитетот. Како студенти на ФОН, се приклучуваме на борбата на нашите колеги“, се истакнува во соопштението.
Студентите на овој факултет нагласуваат дека се залагаат за Србија „во која постои одговорност, каде што студентите и граѓаните можат слободно да го изразуваат своето мислење без страв за личната безбедност, и каде институциите не ги штитат извршителите на кривични дела“.
Тие најавија дека денеска во 11:52 ќе им оддадат почит на жртвите со петнаесетминутен молк во знак на почит, по што ќе следи прекин на наставата и одржување на студентски пленум на кој ќе бидат дополнително прецизирани барањата и одлуките за понатамошните активности.
„Ги повикуваме сите колеги, алумни и професори да ни се приклучат во 11:52 пред факултетот. Ова е моментот да покажеме подготвеност и солидарност“, порачаа студентите од Факултетот за организациски науки.