Сигурно знаете што значат парите и како да ги користите. Но и тие, како и сè околу нас, се менувало значително низ вековите. И продолжува да се менува, па – кој знае, некој ден идните поколенија сигурно ќе зборуваат за платните средства кои ги користиме денес, како за нешто забавно и архаично. Љубопитните факти за парите се стотици, но тука избравме триесетина од најинтересните.
Најстарата форма на платежни средства биле говедата. Секоја глава добиток се нарекувала „caput” – на латински тоа е зборот за „глава”. Од таму потекнува и capital или капитал, кој и до денес ги користиме.
Римјните се првите кои излеале монета со ликот на жив човек. Во 44 година п.н.е. Хр. Јулиј Цезар наредил неговото лице да биде исечено на монетите.
Машините за броење на пари можат да пребројат до 2500 монети во минута или 100 банкноти за 4 секунди. Притоа ја разликуваат деноминацијата и ги препознаваат фалсификатите.
По светот има 1 милион и 600 илјади банкомати. Има дури во Антарктикот. А најмногу пари од банкомат се повлекуваат во петок.
Првите банкноти се создадени во Кина пред 1400 година. Таму секој кој си дозволи да фалсификува пари, бил осудуван на смрт со вадење на срцето.
Една банкнота може да претрпи до 8000 преклопувања, пред да се скине. Различните деноминации сепак имаат и различен рок на живот.
Сега искинатите банкноти ги лепиме со селотејп, а во принцип треба да се враќаат во банката. Пред 200 години немале селотејп и ги шиеле со игла и конец.
Само 8% од парите во светот се физички и во оптек. Останатите се “компјутерски” Поинаку кажано дигитални и не постојат физички.
Фалсификувањето на пари е честа тактика при војна, за да се поткопа економијата на противникот. Во Првата светска војна Германија фалсификувала британска валута, а подоцна САД фалсификувале јапонска. Во моментов, пак најголемиот фалсификатори на американски долари е Северна Кореја.
Извор: kurir.rs