Фајзер и Ново Нордиск во жестока трка за преземање на компанијата Метсера

Во фармацевтската индустрија се води вистинска борба за купување на американската биотехнолошка компанија Метсера (Metsera), која развива иновативни лекови против дебелина.

Американскиот фармацевтски гигант Фајзер (Pfizer) ја зголеми својата првична понуда од 7,3 на 8,1 милијарда долари, но данската компанија Ново Нордиск (Novo Nordisk) моментално води со понуда од 10 милијарди долари, јавува Ројтерс, повикувајќи се на извори од компанијата.

Трка за доминација на пазарот за лекови против дебелина

Наддавањето меѓу двете компании започна минатата недела, кога Ново Нордиск изненадувачки поднесе понуда за купување на Метсера, иако фирмата претходно веќе се согласи на преземање од страна на Фајзер.

Двете корпорации се обидуваат да го зацврстат своето место на брзорастечкиот пазар на терапии против дебелина, кој според аналитичарите би можел да достигне вредност од над 100 милијарди долари годишно до 2030 година.

Иако конечната одлука сè уште не е донесена, инвеститорите очекуваат дека Метсера ќе го прифати повисокиот предлог на Ново Нордиск, што би ѝ овозможило на данската компанија дополнително да ја зацврсти својата водечка позиција во развојот на лекови слични на Wegovy и Ozempic.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни