По деновите исполнети со сцени на насилство и прекумерна полициска сила низ Србија, фестивалот EXIT јавно повика на итно распишување предвремени избори, оценувајќи дека тоа е единствениот демократски излез од, како што ја нарекуваат, „длабоката криза“ во која се наоѓа земјата.
Во објавата се истакнуваат сведоштва за постапувањето на полицијата кон Николина Синѓелиќ и други уапсени студенти и граѓани, кои се опишани како „страшни“.
„Единствениот демократски излез од оваа длабока криза е итно распишување на вонредни избори – веднаш, пред да биде предоцна“, порача EXIT.