EXIT: Итни предвремени избори се единствениот демократски излез од кризата во Србија

Организаторите на фестивалот EXIT на својот Инстаграм профил објавија реакција на последните настани во Србија, осудувајќи ги, како што наведуваат, „застрашувачките сцени на насилство и прекумерна употреба на сила“ во повеќе градови.

По деновите исполнети со сцени на насилство и прекумерна полициска сила низ Србија, фестивалот EXIT јавно повика на итно распишување предвремени избори, оценувајќи дека тоа е единствениот демократски излез од, како што ја нарекуваат, „длабоката криза“ во која се наоѓа земјата.

Во објавата се истакнуваат сведоштва за постапувањето на полицијата кон Николина Синѓелиќ и други уапсени студенти и граѓани, кои се опишани како „страшни“.

„Единствениот демократски излез од оваа длабока криза е итно распишување на вонредни избори – веднаш, пред да биде предоцна“, порача EXIT.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни