Евровизија 2026: Виена во знакот на музиката и најконтроверзното издание во историјата – сè што треба да знаете

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) потврди дека 35 земји ќе учествуваат на Евровизискиот натпревар за песна 2026, што е еден од најмалите бројки на учесници во последните дваесет години.

Јубилејниот, 70-ти Евровизиски натпревар ќе се одржи во Виена од 12 до 16 мај 2026 година, а ова издание на најголемото европско музичко натпреварување веќе се издвојува како едно од најсложените и најконтроверзните во модерната историја.

Заедно со очекуваниот спектакл, разновидноста на музичките стилови и публиката од милиони луѓе низ целиот свет, Евровизија 2026 е обележана и со политички тензии, повлекување на одредени земји и дискусии за границата помеѓу културата и геополитиката.

Каде и кога се одржува Евровизија 2026?

Прво полуфинале: 12 мај. Второ полуфинале: 14 мај. Големо финале: 16 мај. Град домаќин: Виена. Сала: Wiener Stadthalle

Австрија е домаќин на натпреварот благодарение на победата на својот претставник JJ на Евровизија 2025, што го враќа натпреварот во Виена по неколку години.

Европската радиодифузна унија (ЕБУ) потврди дека 35 земји ќе учествуваат на Евровизискиот натпревар за песна 2026, што е еден од најмалите бројки на учесници во последните дваесет години. Причината е повлекувањето на неколку земји кои одлучија да го бојкотираат натпреварот.

На Евровизија 2026 ќе настапат: Албанија, Австрија (домаќин), Азербејџан, Белгија, Бугарија, Чешка, Црна Гора, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грција, Грузија, Хрватска, Италија, Израел, Кипар, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Молдавија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Сан Марино, Србија, Шведска, Швајцарија, Украина и Обединетото Кралство.

На Евровизија се враќаат Бугарија, Молдавија и Романија, кои не учествуваа во претходните години.

Шпанија, Ирска, Холандија, Словенија и Исланд го напуштија натпреварот, наведувајќи несогласување со одлуката на ЕБУ да го задржи Израел меѓу учесниците, и покрај протестите и критиките поврзани со војната во Газа. Ваквиот координиран бојкот е преседан во модерната историја на Евровизија.

Каде е Македонија?

Македонија нема да учесчтвува на Евровизија во 2026-та година, бидејќи Програмскиот совет на Македонската радио телевизија (МРТ), како носител на лиценцата за учество на најголемиот европски музички натпревар, смета дека учеството на Македонија во минатото претставувало сериозен организациски и финансиски предизвик за јавниот сервис и затоа земјата не аплицирала за годинашниот натпревар. Од таму веќе информираа дека институцијата се фокусира на развој на долгорочна стратегија и подготовка за враќање во 2027 година со „квалитетен производ и јасна концепција“.

Доколку повторно се аплицира за учество на Евровизија, неопходно е да се направи добра стратегија за учество во 2027 година со квалитетен производ. Засега би било подобро да се вложува во домашните фестивали како „Цветници“ и „Скопски фестивал“, со цел развивање на домашните пејачи, автори и публиката, па потоа да се оди “нагоре“, стои во записникот на Програмскиот совет.

Македонија последен пат настапи на „Евровизија“ во 2022-та година со пејачката Андреа Коевска и песната „Circles“, која беше избрана преку националниот избор за „Евросонг“. Песната, современа поп-балада со меѓународен звук и модерна продукција, ја претстави Македонија во втората полуфинална вечер на фестивалот во Торино, Италија.

Иако Андреа настапи со впечатлива вокална изведба и сценска енергија, земјата не успеа да обезбеди пласман во големото финале.

По што е различна оваа година?

Иако Евровизија официјално инсистира да биде аполитична, историјата на натпреварувањето покажува дека политиката и социјалниот контекст речиси секогаш биле дел од поголемата слика. Сепак, изданието во 2026 година се издвојува по своите отворени политички одлуки и јавни бојкоти.

Одлуката на ЕБУ да го задржи Израел како учесник предизвика силни реакции, протести и повлекување на некои национални радиодифузери. Дебатата за тоа дали Евровизија може и треба да остане исклучиво музичко натпреварување повторно се најде во фокусот на европската и светската јавност.

И покрај сè, Евровизија 2026 останува еден од најважните културни настани во годината, со милионска публика и огромно влијание врз современата поп-култура. Во мај, Виена ќе биде центар на европската музичка сцена, а покрај натпреварувачкиот дел, вниманието ќе биде насочено и кон атмосферата околу самиот настан, пораките на изведувачите и начинот на кој организаторите ќе одговорат на предизвиците на јубилејот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни