Според Европската статистичка агенција, Евростат, овој процентен пад е највисок во Европа, а по Албанија следува Бугарија, која изгубила 12,3 отсто од своето население во текот на изминатата деценија, па Македонија со 11,4 проценти.

Во регионот, речиси сите земји се зафатени со бран на емиграција, а земја што успеала да го задржи своето население речиси непроменето е Црна Гора, која бележи зголемување од 0,6 отсто.
-Во Албанија, големиот пад на населението е поврзан со два фактора, природната миграција, која доживеа нов бран по 2016 година, главно од младата популација, и падот на наталитетот, додава телевизијата.

Земјите од Западна Европа, успеаја да го зголемат своето население како резултат на агресивните имиграциски политики како решение за надминување на демографските проблеми што произлегуваат од стареењето на населението и намалувањето на стапката на наталитет. Во меѓувреме, еврозоната го зголемила своето население за 3,2 посто од 2011 година.