Европските индекси растат, се очекува Федералните резерви да ги намалат каматните стапки

Европските берзански индекси се во пораст додека инвеститорите очекуваат намалување на каматите од страна на Федералните резерви.

Европските берзански индекси денес главно се во пораст, додека цените на нафтата, златото и пченицата се во пад, во пресрет на одлуката на американските Федерални резерви за каматните стапки, која ќе биде објавена во 20:00 часот.

Пазарите прогнозираат дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки за 25 базични поени, пренесува CNBC.

Индексот на Франкфуртската берза DAX денес во 09:15 пораснал за 0,47% на 23.426,08 поени, францускиот CAC 40 за 0,12% на 7.826,12 поени, британскиот FTSE 100 за 0,25% на 9.203,55 поени, додека московскиот MOEX паднал за 0,27% на 2.795,26 поени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни