Европските берзи во пораст по намалувањето на каматните стапки од страна на ФЕД

Европските акции го завршија денот во пораст откако Федералните резерви на САД ги намалија каматните стапки, додека Швајцарската централна банка ги задржа непроменети.

Европските акции вчера го завршија тргувањето во позитивна зона, додека инвеститорите ги анализираат последиците од одлуката на американските Федерални резерви (ФЕД) да ги намалат каматните стапки, како и одлуката на Швајцарската централна банка да ги задржи на нула проценти.

Паневропскиот индекс STOXX 600 денот го затвори со раст од 0,5%, при што поголемиот дел од водечките регионални берзи и сектори бележат позитивни резултати, пренесе CNBC.

Индексот на Франкфуртската берза DAX порасна за околу 0,7%, францускиот CAC 40 за 0,8%, а лондонскиот FTSE 100 за 0,5%.

Швајцарската централна банка денес соопшти дека каматните стапки остануваат на нивото од 0%, наведувајќи дека инфлацијата е нешто пониска од очекуваното.

Во корпоративниот сектор, акциите на германската одбранбена компанија Rheinmetall денот го завршија со пад од 0,5%, по извештаите за нова понуда за купување на холандскиот конкурент KNDS.

Технолошките акции забележаа пад во четвртокот, главно поради разочарувачките финансиски резултати на американскиот гигант Oracle.

Германскиот производител на софтвер SAP изгуби 0,8% од својата пазарна вредност, додека акциите на холандската компанија за полупроводници ASMI паднаа за 1%.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни