Акциите на европските берзи го завршија денешното тргување во минус, бидејќи постепено стивнува позитивното расположение од минатата недела, додека инвеститорите ги анализираа низа одлуки на централните банки поврзани со каматните стапки.
Паневропскиот индекс STOXX 600 го заврши денот со благ пад од 0,1 отсто, откако во претходната трговска сесија достигна рекордни 588,07 поени, пренесува CNBC.
Индексот на Франкфуртската берза DAX остана речиси непроменет, францускиот CAC 40 забележа пад од околу 0,4 отсто, додека лондонскиот FTSE 100 се намали за 0,3 отсто.