Европските акции забележаа силен раст откако САД и Иран постигнаа договор за привремено примирје што ја намали геополитичката неизвесност и донесе позитивен бран на финансиските пазари најголем профит оствари туристичкиот сектор кој најбрзо реагира на стабилизација на глобалната ситуација.
Паневропскиот индекс STOXX 600 го заврши денот со раст од околу 3 цел 7 проценти при што речиси сите сектори освен нафтата и гасот се најдоа во зелена зона што укажува на широка пазарна доверба по најавата за деескалација на конфликтот. Меѓу водечките европски берзи најсилен раст забележа германскиот индекс DAX кој порасна за 5 цел 1 процент следен од францускиот CAC 40 со раст од 4 цел 5 проценти додека британскиот FTSE 100 порасна за 2 цел 5 проценти.
Позитивниот тренд се поврзува со очекувањата дека намалувањето на тензиите на Блискиот Исток ќе доведе до стабилизација на цените на енергенсите и подобрување на условите за патување и бизнис што директно влијае врз туризмот и поврзаните индустрии.