Европските берзански индекси денес се нерамномерни, цените на нафтата и златото се во пад, а инвеститорите ги анализираат резултатите за профитот на американската компанија за напредни чипови Nvidia и го очекуваат извештајот за економскиот раст на САД за вториот квартал од 2025 година, кој ќе биде објавен денес во 14:30 часот.
Индексот на Франкфуртската берза DAX денес во 9:30 часот пораснал за 0,32% на 24.154,02 поени, францускиот CAC 40 се зголемил за 0,79% на 7.805,19 поени, додека лондонскиот FTSE 100 бележи пад од 0,02% на 9.254,25 поени, а московскиот MOEX се намалил за 0,01% на 2.911,06 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones пред денешното отворање на берзите пораснала за 0,32% на 45.565,23 поени, индексот S&P 500 се зголемил за 0,24% на 6.481,40 поени, а Nasdaq пораснал за 0,21% на 21.590,14 поени.