Европските берзански индекси бележат пораст, додека американските индекси се во пад. Цената на златото се искачи на нов историски максимум откако претседателот на САД, Доналд Трамп, најави царини од 25 отсто на увозот на челик и алуминиум, кои треба да стапат на сила денес.
Трамп исто така предупреди дека ќе воведе дополнителни царини во вторник или среда, а германскиот канцелар Олаф Шолц изјави во предизборната телевизиска дебата дека Европската унија е подготвена да одговори “во рок од еден час” ако Вашингтон воведе царини на европската роба, пренесува Ројтерс.
Индексот на франкфуртската берза DAX во 9:15 часот порасна на 21.845,50 поени, британскиот FTSE 100 на 8.722,65 поени, францускиот CAC 40 на 8.000,38 поени, а московскиот MOEX на 2.988,42 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones пред денешното отворање на берзите во САД падна на 44.303,40 поени, индексот S&P 500 на 6.025,99 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 19.523,40 поени.
Според актуелните податоци од берзите, цената на сировата нафта порасна на 71,433 долари, а цената на нафтата Brent на 75,111 долари. Европските фјучерси за гас за март на отварањето на берзата TTF се продавале по цена од 57 евра за мегават-час.
Цената на златото порасна на 2.894,04 долари за унца, додека цената на пченицата падна на 5,7984 долари за бушел (бушел изнесува 27,216 кг). Вредноста на еврото во однос на доларот на валютната берза Forex изнесува 1,03141, што е приближно за 0,13 отсто помалку во однос на петокот.