Европските берзански индекси денеска бележат раст, додека цените на златото и среброто повторно се зголемуваат, по неодамнешната краткотрајна распродажба на благородните метали. Во фокусот на инвеститорите е трговскиот договор меѓу Соединетите Американски Држави и Индија.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон и Њу Делхи постигнале договор со кој ќе се намалат меѓусебните царини. Според договорот, Индија ќе престане да купува руска сурова нафта и наместо тоа ќе увезува повеќе енергенси од САД, а потенцијално и од Венецуела, пренесува CNBC.
Европските пазари во позитивна зона
Во Европа, инвеститорите ги следат најновите податоци за инфлацијата во Турција и Франција, како и извештајот за невработеноста во Шпанија.
Индексот на Франкфуртската берза DAX во 9:30 часот порасна за 1,06 %, достигнувајќи 25.044,23 поени.
Францускиот CAC 40 забележа раст од 0,63 % и се искачи на 8.233,06 поени, додека британскиот FTSE 100 порасна за 0,22 % на 10.363,93 поени.
Московскиот индекс MOEX се зголеми за 0,54 %, на 2.782,73 поени.
Американските индекси во минус пред отворањето
За разлика од Европа, американските берзански индекси пред денешното отворање се во пад.
Индексот Dow Jones се намали за 1,05 % на 49.407,66 поени,
S&P 500 падна за 0,54 % на 6.976,44 поени,
а Nasdaq за 0,56 %, на 23.592,11 поени.
Енергенси, злато и валути
Европските фјучерси за гас за март на берзата TTF се тргуваа по цена од 32,620 евра за мегават-час.
Цената на суровата нафта падна на 61,983 долари, додека Brent нафтата се тргуваше по 65,959 долари за барел.
Во исто време, цената на златото порасна на 4.918,52 долари за тројска унца, а цената на пченицата достигна 5,3016 долари за бушел (1 бушел = 27,216 килограми).
На девизниот пазар, еврото зајакна во однос на доларот, со курс од 1,18132 долари, што е раст од 0,18 % во однос на почетокот на тргувањето, пренесува Танјуг.
