Европските берзански индекси во пораст

Европските берзи бележат раст, додека цените на нафтата, златото и пченицата опаѓаат. Инвеститорите внимателно ги следат најавените економски извештаи од еврозоната, Германија, Франција, Велика Британија и податоците за инфлацијата во САД

Европските берзански индекси денес бележат умерен раст, додека цените на нафтата, златото и пченицата се намалуваат. Инвеститорите се насочени кон претстојните извештаи за економската активност во еврозоната, како и во Германија, Франција и Велика Британија, додека од другата страна на Атлантикот се очекуваат податоците за септемвриската инфлација во САД.

Пазарниот оптимизам се зголеми по најавата дека американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот лидер Си Џинпинг ќе се сретнат следната недела на самит во Јужна Кореја, пренесува CNBC.

Во утринската трговија, берзанските индекси се движеа на следните нивоа:

  • DAX (Франкфурт) – пораст од 0,11% на 24.248,69 поени
  • CAC 40 (Париз) – пораст од 0,17% на 8.239,73 поени
  • FTSE 100 (Лондон) – пораст од 0,09% на 9.587,35 поени
  • MOEX (Москва) – пораст од 0,21% на 2.576,08 поени

На американските пазари, пред денешното отворање, вредностите исто така растат:

  • Dow Jones +0,31% (46.734,61 поен)
  • S&P 500 +0,58% (6.738,44 поени)
  • Nasdaq +0,89% (22.941,80 поени)

Фјучерсите на европскиот гас за ноември се тргуваа по цена од 32 евра за мегават-час, покажуваат податоците од берзата TTF.

Цените на суровините се во пад:

  • Сурова нафта (WTI)61,43 долари по барел
  • Brent нафта65,62 долари по барел
  • Злато4.092,75 долари по унца
  • Пченица5,12 долари по бушел (еден бушел = 27,216 кг)

На валутниот пазар (Forex), вредноста на еврото во однос на доларот изнесува 1,16110 $, што е намалување од 0,06% во однос на почетокот на трговијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни