Европските акции паднаа поради ризик од пукање на „меурот“ на вештачката интелигенција

Акциите на Ербас пораснаа за околу 0,4 проценти по извештаите дека европскиот производител на авиони е блиску до договор за испорака на речиси 100 авиони на компанија од Дубаи.

Акциите на европските берзи го завршија денешното тргување во пад, пред сè поради тоа што довербата на инвеститорите ја нарушија стравувањата од пренадуван „меур“ на вештачката интелигенција и од забавување на глобалната економија.

Паневропскиот индекс STOXX 600 денот го заврши со пад од 0,53 проценти, при што повеќето сектори и водечки берзи забележаа негативни резултати, пренесе CNBC.

Францускиот CAC 40 падна за 0,6 проценти, германскиот DAX за околу 1,2 проценти, италијанскиот FTSE MIB за 0,5 проценти, а британскиот FTSE 100 за околу 0,2 проценти.

Кај поединечните европски компании, Saab беше еден од најголемите добитници денес со раст на акциите до 7,4 проценти на врвот, иако растот подоцна се намали на 2,6 проценти.
Ова уследи по објавата дека шведскиот производител на одбранбена технологија склучил договор вреден 3,6 милијарди долари за испорака на 17 борбени авиони Gripen на владата на Колумбија во следните пет години.

Акциите на Ербас пораснаа околу 0,4 проценти по информациите дека европскиот производител е блиску до договор за испорака на речиси 100 авиони на компанија од Дубаи, откако го победил конкурентот Боинг, пренесе Танјуг.

Од друга страна, британската агенција за рекламирање WPP забележа раст од 11 проценти по извештаите дека привлекува интерес за преземање од инвестициските гиганти Apollo Global Management и KKR.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни