Европскиот регулатор победи: Тик-Ток нема да ги наградува корисниците кои подолго ја користат апликацијата

Фото: Solen Feyissa/Flickr

Тик-Ток нема да ја воведе опцијата за наградување на корисниците поради времето потрошено на апликацијата, соопшти Европската комисија, која започна да презема мерки со цел сузбивање на ризиците од зависност од социјалните мрежи.

Популарната плтформа на пазарот на ЕУ ќе ја повлече оваа програма, со цел да го почитува новиот закон за дигитални сервиси на ЕУ.

„Слободното време за ангажирање на мозоците на млалдите европјани не е валута за социјалните мрежи и никогаш нема да биде“ изјави комесарот за внатрешниот пазар на ЕУ, Тијери Бретон.

Тик-Ток лајт ја лансираше опцијата за наградување во Франција и Шпанија во април, нудејќи ваучери за Амазон и други награди на корисниците над 18 години кои исполнуваат задачи, како гледање на одреден број на снимки и лајкнувања на содржини.

Лансирањето на оваа опција сега е прекинато, откако Европската комисија отвори истрага неколку недели подоца.

„Тик-Ток е задоволен што постигна прифатлив договор и ја повлече програмата Тик-Ток лајкт. Програмата е веќе своеволно суспендирана“ изјавија од компанијата.

Од Европската комисија наведуваат дека Тик-Ток ссе обврзал дека нема да започнуваат слични опции и програми под друго име.

Извор: РТС

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни