Во кои европски земји се високи казните за брзо возење?

Неприлагодената брзина е водечка причина за 10 до 15 проценти од сообраќајните несреќи

Доколку планирате да патувате во Европа, внимавајте на казните за брзо возење, кои во некои земји се и над 450 евра за 14 км на час над дозволената брзина од 50 км/ч/

Возењето над дозволената брзина е опасно, често и загрижувачки. Според Европската опсерваторија за безбедност на патиштата, 40-50 отсто од возачите понекогаш возат над дозволената брзина, а 10-20 отсто од возачите возат повеќе од 10 км/ч над дозволената брзина.

Брзината е водечка причина за 10 до 15 проценти од сообраќајните несреќи, така што целосно е оправдано што земјите сакаат да го намалат брзото возење со воведување закони кои овозможуваат парични казни, казнени поени во возачката дозвола или казна затвор.

Во Норвешка, каде казната е најголема, за брзо возење, возачите би платиле 476 евра. Следува Швајцарија каде казната е 266 евра, а на трето место е Шведска со казна од 207 евра. Потоа следува Данска каде казната е 201 евро. Конечно, возачите кои ќе ја надминат дозволената брзина од 50 km/h за 14 km/h во Финска би платиле казна од 170 евра. Следни по висина на казните за брзо возење се: Холандија – 146 евра, Италија – 143 евра, Словенија – 125 евра, Унгарија – 123 евра и Обединетото Кралство – 120 евра.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни