Европски војници пристигнуваат на Гренланд

Воени контингенти од неколку европски држави почнаа да пристигнуваат на Гренланд, но станува збор за мал број војници кои учествуваат во т.н. извидувачка мисија, пренесува денеска Би-Би-Си (BBC).

Ограниченото распоредување, во кое учествуваат Германија, Шведска, Норвешка, Финска, Холандија и Велика Британија, доаѓа во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп продолжува да инсистира на своите претензии кон арктичкиот остров, кој е автономен дел од Данска.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека почетниот контингент наскоро ќе биде зајакнат со „копнени, воздушни и поморски капацитети“.

Првичниот број француски војници изнесува 15 лица, кои биле избрани само неколку часа по состанокот на министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд со потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, и државниот секретар Марко Рубио, одржан во средата во Вашингтон.

По средбата, данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен изјави дека разговорите биле конструктивни, но дека двете страни констатирале фундаментално несогласување.

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека неговата земја не планира да се приклучи на европското воено присуство на Гренланд, но предупреди дека евентуална американска воена интервенција на островот би претставувала „политичка катастрофа“.

Според британскиот јавен сервис, европското крило на НАТО испраќа само неколку војници, како дел од операцијата „Арктичка издржливост“, која ја организира Данска.

Финска испраќа двајца офицери за врска, додека Германија испраќа транспортен авион A400M со 13 војници, за кои е наведено дека на Гренланд можат да останат само до сабота, објави BBC.

Извор: Reuters

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни