Европските берзи денеска бележат стагнација под влијание на нестабилните цени на нафтата, кои на почетокот на тргувањето пораснаа и до четири проценти.
Во меѓувреме, американските Федерални резерви започнаа дводневен состанок за монетарната политика.
ФЕД се очекува да ја објави одлуката за каматните стапки во среда, додека Банката на Англија и Европската централна банка ќе ги соопштат своите одлуки во четврток.
Според аналитичарите, актуелните случувања на Блискиот Исток и нестабилноста на енергетските пазари би можеле да влијаат врз централните банки да се воздржат од евентуално намалување на каматните стапки.
Оваа неизвесност дополнително ги прави инвеститорите претпазливи, што се одразува и врз движењето на европските пазари.
Пазарите во наредните денови ќе зависат од сигналите на централните банки и од развојот на ситуацијата со цените на нафтата.