Европски награди за одржливи училишта

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Европските награди за одржливи училишта (European Sustainable School Awards – ESSA) се првите училишни награди за еколошка одржливост во Европа.

ESSA e меѓународна проектна иницијатива кофинансирана од програмата Еразмус+ којa има за цел да промовира ефективна зелена транзиција на училиштата низ Европа преку размена на практики.

Проектот се разви како партнерство помеѓу гимназијата ,,Никола Карев’’, невладината организација ,,Заедно за успех’’ (Together for success) од РС Македонија, Артетека (Arteteka) од Ирска и Ироко (Iroko) од Шпанија.

Тоа е возбудлива можност за средните и основните училиштата да ги презентираат на европска платформа еколошките практики кои ги спроведуваат и со тоа да го направат нивното училиште еколошки одржливо.

Проектот промовира создавање на наставни програми кои ги прават учениците вистински агенти на промени (на пр. заштеда на ресурси, намалување на употребата на енергија и отпад, компензација за емисиите на јаглеродниот отпечаток, одлуки за одржливи избори за храна, движење итн.)

Дванаесетте училишта кои ќе ги прикажат најдобрите еколошки одржливи практики ќе бидат поканети да учествуваат на меѓународниот самит за европски одржливи училишта (ESSA) – еднонеделен настан кој ќе се одржи во Македонија за славење на локалните иницијативи кои ги решаваат еколошките предизвици.

Училиштата може да се регистрира и аплицира на веб- страницата на проектот на следниов линк

Registration Form

Најново

Последни колумни