Дигиталните номади се професионалци како ИТ стручњаци, дизајнери, писатели и преведувачи кои користат технологија за работа на далечина. Тие можат да работат од било каде во светот, сè додека имаат пристап до интернет.
Европските градови нудат се повеќе можности за работа на далечина. Според новата студија на платформата Playerstime, анализирани се 35 најпосетувани дестинации во Европа за да се открие кои се најповолни за дигитални номади.
Студијата ги споредила трошоците за сместување, храна, интернет, јавен превоз и безбедност. Градовите од Средна и Источна Европа се покажаа како најдобра вредност за парите, со брз интернет, достапно сместување и ефтина јавна инфраструктура, додека Западна и Северна Европа се значително поскапи.
На врвот на листата се најде Краков, Полска, кој нуди поволни месечни трошоци од околу 1423 евра. Храната чини околу 128 евра месечно, а интернетот 14 евра. Градот е и многу безбеден, со безбедносен индекс 75 од 100.
Вториот најдобар град е Варшава, Полска, со сигурен и брз интернет по достапна цена. Во топ 10 се и други популарни градови како Будимпешта, Прага, Талин, Мадрид, Севиља, Лисабон, Дубровник и Порто. Особено, Дубровник се истакнува како најбезбеден град, со безбедносен индекс 82 од 100.
Оваа листа ја нуди најдобрата ориентација за дигитални номади кои планираат да работат и живеат во Европа во 2026 година.