Европската унија свика вонреден самит за 6 март поврзан со Украина и европската безбедност, објави вчера претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста.
„Одлучивме да свикаме посебен Европски совет на 6 март“, објави Коста на X.
„Живееме во одлучувачки момент за Украина и за европската безбедност“, нагласи тој, додавајќи дека во консултациите со европските лидери има „заедничка посветеност“ за справување со овие предизвици на ниво на ЕУ.
Коста исто така нагласи дека ќе продолжи заеднички да работи со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и со сите земји-членки за да бидат подготвени да донесат одлуки на 6. март.
Денез се одбележува третата годишница од почетокот на руската инвазија на Украина.
Американскиот претседател Доналд Трамп започна преговори со руската страна без Украина и Европа, а украинскиот лидер го нарече „диктатор“ бидејќи Киев во 2024 година не ги одржал изборите поради војната.
Претседателот Володимир Зеленски во неделата изјави дека е подготвен да се повлече од претседателската функција ако тоа значи мир за Украина, шегувајќи се дека неговото заминување би можело да биде заменето со влез на Украина во НАТО.