Професионалниот виткач за коса Figaro е итно повлечен од пазарот на Европската Унија бидејќи може да предизвика електричен удар
Системот за брза размена на информации за небезбедни производи пласирани на единствениот пазар на ЕУ (RAPEX) издаде предупредување за дефект на виткачот за коса и негово повлекување од продажба поради ризик од електричен удар.

Како што е наведено во известувањето, станува збор за керамички виткач за коса, розова боја, 23 mm, 180 °C / Boucleur/EBRZ.
Внатрешните проводници не се доволно обезбедени, па затоа лесно можат да се одвојат, што може да доведе до електричен удар кај корисникот.
Производот се продава онлајн, особено преку платформата eBay.
Информации за производот:
Производ: Figaro (виткач за коса)
Бренда: postQuam PROFESSIONAL
Модел / број на модел: PQPAE3001
Земја на потекло: Непозната
Вид на ризик: Електричен удар
