Европската комисија истражува низа рекламни кампањи преку кои Instagram се промовирал на тинејџери на YouTube ланалот и со тоа Google ги заобиколил своите сопствени политики за огласување насочени кон малолетниците.
Истрагата на Европската комисија, која има внатрешно кодно име „Tangerine Owl”, е фокусирана на начинот на кој наводно Google вработените давале совети на Meta како да ги заобиколат правилата за огласување на Google насочени кон малолетниците.
Неодамна, официјалните лица на Европската комисија побарале од Alphabet, матичната компанија на Google, да достави обемни податоци, вклучувајќи презентации, внатрешна комуникација и електронска пошта во врска со овие рекламни кампањи.
„Непозната“ таргетирана група
Истражувањето открило дека кампањата таргетирала корисници категоризирани како „непознати“, група која претежно ја сочинуваат лица помлади од 18 години. Иако Google има забрана за персонализирање на реклами за тинејџери, партнерството овозможило целосно таргетирање на реклами за оваа возраст.
Иницијативата првично била започната како пилот проект преку Spark Foundry, подружница на француската рекламна компанија Publicis во Канада. Кампањата потоа беше проширена на САД во почетокот на оваа година, со планови за глобално лансирање и проширување на другите Meta апликации, вклучувајќи Facebook. Меѓутоа, по објавувањето на Financial Times, проектот беше откажан.
После истрагата на Financial Times во август, Google нагло се повлече. Компанијата ја забранила демографската таргетирање на „непозната“ група корисници, започнала истрага за одговорностите внатре во компанијата во врска со огласувањето и организирала виртуелни состаноци за рекламните тимови за да дискутираат за правилата за огласување.
Google и Meta – се повеќе регулаторни проблеми
Meta (Facebook) се соочува со сериозни прашања за безбедноста на децата на своите платформи, што кулминираше со појавувањето на Марк Закерберг пред американскиот Конгрес во јануари 2024 година, каде се извини лично на семејствата чии деца станале жртви на злоупотреба на социјалните мрежи на неговата компанија.
Истовремено, Google (Alphabet) води битка на неколку правни фронтови, и веќе изгуби две значајни антитруст тужби во врска со нивната продавница на апликации и системот за пребарување. Ситуацијата за Google станува уште посложена бидејќи американското Министерство за правда бара радикални мерки – сакаат да ги принудат да го продаат Chrome веб-прелистувачот и да споделуваат повеќе податоци за корисничкото пребарување и огласување, со цел да се сруши нивниот незаконски монопол.
Третиот голем правен проблем за Google се однесува на нивниот систем за дигитално огласување, кој го контролира автоматизираниот пазар за купување, продавање и поставување на видео и фото реклами на интернет.
После ова судот во Вирџинија ги сослуша последните аргументи во овој случај, се очекува судијата да донесе пресуда до крајот на 2024 година, што би можело да има далекусежни последици за иднината на дигиталното огласување.