Во свет во кој жените секојднево се соочуваат со предизвикот да ги зачуваат и унапредат своите права, Европа и понатаму останува место каде тие живеат најдобро и каде дискриминацијата е на најниско ниво, покажува истражувањето на Фондацијата Роберт Шурман. Внатре во Европската Унија треба и понатаму да се работи на унапредување на политичките, економски и социјални права на жените за да се постигне вистинска родова еднаквост, но и покрај ова Европската Унија останува регион во светот каде жените живеат најдобро. И покрај сите предзивици со кои се соочува, европската политика постојано оди во насока на подобрување на правата на жените и на намалување на дискриминацијата.
Пандемијата на Ковид 19 уште еднаш покажа дека жените се генерално повеќе погодени од глобални кризи отколку мажите. Пандемијата дополнително ги ослабна жените економски, ја зголеми невработеноста, ризикот по нивното здравје поради поголемата изложеност на физички контакти и го зголеми бројот на случаи на семејно насилство. Со крајот на пандемијата, ситуацијата за жените во светот во поглед на родовата еднаквост се чини дека не се подобрува, а највпечатлив пример за тоа е Авганистан. Откако Талибанците ја презедоа власта во летото 2021 година, Авганистанските жени ги загубија своите права во речиси сите општествени и економски сегменти. Во Иран, храбрите жени се по масовно излегуваат на улица за да ги вратат своите права. Од апсењето на Маша Амини од страна на полицијата за морал во септември 2022 година за „несоодветната” природа на нејзиниот хиџаб, демонстрациите продолжија и покрај бруталните репресија од страна на властите. Во Турција, Врховниот Суд го потврди повлекувањето на земјата од Меѓународна конвенција за правата на жените. Турција официјално ја напушти Конвенцијата во јули 2021 година.
Сепак, ограничувања на правата на жените не е само во овие земји. Врховниот суд на САД, на 25 јуни 2022 година го укина уставното право на гарантиран пристап до абортус на федерално ниво стекнат уште во1973 година, со што се ограничи децениски стекнатото уставно правото на Американките.
Нападот на Русија врз Украина исто така има катастрофален ефект врз состојбата на жените. Силувањето повторно се врати како дополнителна закана за жените и девојките кои живеат во земјата зафатена од војна. Украинците кои си заминаа од нивната татковина, во најголем дел се жени (околу 85%). Тие бегаат со своите деца и се две од најранливите категории за сексуалнио насилство и трговија со луѓе.
За жал и во некои земји-членки на ЕУ, правата на жените се во опаѓање. Во Полска правото на абортус беше значително ограничено и имаше најави за повлекување на земјата од Истанбулската конвенција. Во Унгарија, Комесарот за човекови права забележа значајни недостатоци во пристапот на државата за решавање на прашањата за насилство врз жените и нагласеното повторување на дискриминирачките изјави на политичарите. Врските помеѓу падот на демократијата и падот на правата на жените се очигледни.
И додека жените генерално се соочуваат со потешкотии, во земјите-членки на ЕУ нивната ситуација останува подобра отколку на кое било друго место во светот.
Принципот на родова еднаквост е еден од основните вредности на Европската унија. Еднаква плата за мажите и жените за еднаква работа е загарантирана со Повелбата за фундаментални права на ЕУ. Сепак, јазот продолжува да постои. Во Латвија, на пример, родовиот јаз во платите е 22,3% во 2020 година, за разлика од Луксембург каде истиот изнесува 0,7%. Во просек според истражувањата, жените заработуваат 10,3% помалку отколку мажите во Европската унија. Поради оваа причина, Европската Комисија во март 2021 година предложи нацрт-директивa како дел од својата Стратегија за поддршка на еднаквоста меѓу мажите и жените, во која побара да се зајакне примената на принцип на еднаква плата за еднаква работа. Текстот на повелбата беше финализиран на 15 Декември 2022 година, што е голем чекор напред зa жените во Европа.
Покрај тоа што жените се финансиски обесправени во делот на работата, тие се уште се во голема мера и недоволно застапени во одборите на компаниите и се лишени од позициите кои носат одлучување и моќ. Во просек во Европската Унија 31,5% од членовите на одборите се жени. Иако овој процент е сè уште далеку од совршен, тој е повисок од сите други региони во светот: на пример, во САД е 23,9%, во Кина 13,1% и во Јапонија 8.2%.
Во делот на политиката, застапеноста на жените во политичките институции е далеку повисока во ЕУ од останатиот дел од светот. На лидерските позиции во европските институции никогаш не биле поставени толку многу жени како денес. Германката Ursula von der Leyen е првата жена назначена на чело на Европската Комисија, Французинката Кристин Лагард е исто така првата жена што претседава со Eвропскaтa Централна Банка (ЕЦБ). Роберта Мецола од Малта е третата жена претседател на Европскиот Парламент, по Симон Веил (1979-1982) и Никол Фонтен (1999-2002). Генералниот секретаријат на комисијата (Илзе Јухансоне од 2020 година) и Советот (Thérèse Blanchet од 2022 година) исто така се предводени од жени. Оваа феминизација на највисоките позиции во европските институции е добредојдена, но мора да биде и одржлива, што ќе биде еден од главните предизвици за следните политички промени по европскиот избори во 2024 година.
Европската комисија не е совршено еднаква, иако 44,44% од комесарите се жени. Сепак, треба да се напомене дека овој просек е повисок од оној на националните влади и држави каде моментално 33% од шефовите на влади се жени. Споредбено со Бразил, Јапонија, Индија, Русија и особено Кина (со нула жени во Постојаниот комитет на Политичкото биро) ЕУ е далеку над просекот.
Во рамките на замјите членки на ЕУ, постојат значителни разлики. На една страна, има земји со особено високи стапки на застапеност на жените во политиката и тоа Шпанија каде 60,87% од членови на актуелната влада се жени, потоа 57,89% жени владата во Финска и 53,33% застапеност на жените во политиката во Белгија. Од друга страна, Грција има само две жени во владата (8,33%), а во Романија застапеноста е 9,09%. Во Малта застапеност на жените во политиката во проценти е 10,54% и Унгарија, каде што има само една жена во владата (7,14%).
Бројот на жените во парламентот е исто така поголем во Европа отколку на друго место. Во Законодавниот дом 2019/2024 година, 37,77% од членови на Европскиот парламент се жени споредбено со Соединетите Американски Држави каде само 28,57% се жени или со Кина која има 24,94% жени во Националната Народен Конгрес. Генерално, Европската Унија се издвојува од другите региони во светот со повисока застапеност на жените во различни национални и европски политички тела.
МЕСТОТО НА ЖЕНИТЕ ВО ОПШТЕСТВОТО
Во однос на родовото и семејното насилство, жените и понатаму се мета на напади. Според истражувањето спроведено од Европскиот парламент, 77% од жените во Европската унија веруваат дека Пандемијата на Ковид-19 доведе до зголемување на физичкото и психолошко насилство врз жените. Во март 2022 година Европската комисија предложи предлог директива за борба против насилството врз жените и семејно насилство, која има за цел да го зајакне пристапот до правда за жените жртви на насилство, за криминализирање на форми на насилство кои претходно не биле криминализирани (на пр. сајбер-насилство), за да се подобри превенцијата на насилство и да се зајакне соработката меѓу земјите членки и Европската Унија.
Сиромаштијата исто така е многу поприсутна кај жените отколку кај мажите. Според UN Women, во 2022 година, 388 милиони жени и девојки во светот живееле во состојба на екстремна сиромаштија. Уделот на европските жени е многу низок во ова статистика: само 0,8% од жените погодени од екстремнa сиромаштија живеат во Европа.
Подобрувањето на статусот на жените значи и прилагодување на политика кон мажите. Животот на жените нема да се подобри ако статсуот на мажите остане ист. Ова се однесува на економската сфера, но исто така и во делот на грижата за деца. Платеното татковско отсуство не е во моментов предвидено во сите земји-членки на ЕУ. На 20 септември 2022 година Комисијата испрати формално известување, на 19 држави (Австрија, Белгија, Хрватска, Кипар, Чешка, Данска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Латвија, Луксембург, Луксембург, Полска, Португалија, Романија, Словенија, Словачка и Шпанија) за недоволна транспозиција во однос на родителството. Прашањето за недоволната застапеност на мажите во таканаречена грижа кон децата и во неплатената домашна работа, треба да се подигне за да се постигне вистинска родова еднаквост.
Европската Унија останува регион на светот каде жените живеат најдобро. Покрај тоа, европски политиките постојано одат во насока на подобрување на правата на жените и дискриминација е значително намалена.
Со својата политика, Европската Унија мора да се осигура дека сите пречки кои спречуваат европските жените да се движат напред се отстранети, бидејќи … нивната нетрпеливост расте. И тие жени вредат!
Истражувањето е превземено од европската фондацијата „Роберт Шурман“