Европската унија воведува нови ограничувања, кофеинот прогласен штетен за луѓето: „Дали ќе ни забранат да пиеме кафе?“

Како што се наведува во новиот извештај на Европската унија, кофеинот може да има бројни штетни влијанија. Европската унија во регулативата која го забранува користењето на кофеин како пестицид објави дека кафето е штетно за луѓето.

Како што е објаснето, постојат научни докази кои ги поткрепуваат тврдењата дека „кофеинот е штетен за луѓето”. Во извештајот се наведува дека кофеинот, главната состојка на кафето, може да има штетно влијание на срцето, хидратацијата и телесната температура, како и да предизвика анксиозност и проблеми со спиењето.

Така, се додава дека се потребни дополнителни истражувања за да се открие дали кофеинот претставува ризик за луѓето кои работат со него или живеат блиску до места каде што се преработува.

Извештајот беше објавен за да ја поддржи одлуката за забрана на користењето на кофеин за уништување на полињата со зелка и компири. Сепак, содржината на ова соопштение предизвика загриженост дека во иднина прописите може да го загрозат пиењето кафе, еден од главните елементи на европскиот начин на живот.

Андерс Вистисен, дански пратеник во Европскиот парламент и член на Патриоти за Европа, изјави: „Ова е уште еден непотребен и непосакуван чекор и ново мешање на бирократите од Брисел. Каде ќе доведе ова? Дали ќе нè присилат да пиеме кафе без кофеин? Ова станува смешно. Никој не мисли дека пушењето и вискито се добри за вас, но тие додаваат задоволство во животите на многумина”, додаде тој.

Вистисен исто така нагласи дека најновиот извештај потсетува на обидот на Брисел да забрани определен вид пита со цимет. Имено, едно данско печиво морало да биде повторно класифицирано како „традиционално“ за да се избегне ограничувањето на ЕУ во врска со кумарин, соединение во циметот кое е отровно во големи дози.

„Пред неколку години, ЕУ сакаше да забрани цимет во данските печива и синдикатот на пекарите мораше да се бори за тоа. На сите би им било многу полесно да многу од овие прашања се остават на национално ниво и личен избор“, рече Вистисен.

Пекарите имале проблеми и со забраната на титаниум диоксид и други бои за храна, па морале да ги преработат рецептите за да не мораат да ги повлекуваат производите од пазарот на ЕУ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни