Нашата европска шампионка, Даниела Алексовска, на 4 јули ќе влезе во кафезот за својата прва полупрофесионална борба на престижниот настан ARMMADA 13 во Бачка Паланка, Србија. Таа ќе се натпреварува во категоријата до 52.2 кг против Ева Круз од Ирска.
Оваа борба ја означува првата појава на Даниела во кафезот по освојувањето на златниот медал на Европското првенство, и со овој настап, Даниела станува првата Македонка која стигнала до ова ниво во ММА Спортот во женската конкуренција.
„Посветеноста на мојот тим “Д Стронгест” и поддршката од луѓето во Македонија ми даваат силна мотивација. Подготвена сум повторно да го бранам македонското знаме“, изјави Алексовска.