Eвропската куќа на фудбалот: Наградата за најдобар стрелец нема да ја добие еден играч

epa11471064 Harry Kane (L) of England celebrates after scoring the 1-1 equalizer during the UEFA EURO 2024 semi-finals soccer match between the Netherlands and England, in Dortmund, Germany, 10 July 2024. EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Eвропската куќа на фудбалот објави дека наградата за најдобар стрелец нема да ја добие еден играч ако има повеќе фудбалери со ист број на постигнати голови.

Досега ако фудбалерите имаа ист број на голови се гледаа асистенции, ако се изедначени и таму одлучуваа минутите на терен. Повеќе нема да биде тука.

УЕФА сега соопшти дека ќе важат само головите и ако играчите имаат ист број голови ќе ја поделат наградата, односно сите кои имаат ист број ќе ја добијат.

На ова Европско првенство по три гола имаат Олмо, Кејн, Гакпо, Микаутадзе, Мусиала и Шранц. Олмо и Кејн имаат прилика да дојдат и до некој гол повеќе бидејќи ќе играат во утрешното финале.

Фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни