Европската Комисија утре ќе ги објави извештаите за проширувањето  

Првично беше најавено дека Кос ќе презентира и т.н. извештај пред проширувањето, во кои би биле наведени реформите што ЕУ треба да ги спроведе за да се подготви за прием на нови членки

Еврокомесарката за проширување Марта Кос утре се очекува да го презентира пакетот на извештаи за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во ЕУ за 2025 година.  

Првично беше најавено дека Кос ќе презентира и т.н. извештај пред проширувањето, во кои би биле наведени реформите што ЕУ треба да ги спроведе за да се подготви за прием на нови членки, но, според последните информации, неговото претставување ќе биде одложено за неколку недели, најмалку до 19 ноември. 

Неодамна, Кос истакна дека проширувањето претставува клучна геополитичка алатка со која ЕУ покажува дека „всушност одговара на предизвиците со кои се соочува цела Европа“. 

Според неа, со поддршката на земјите кандидати на нивниот патот кон членство во ЕУ, Брисел манифестира дека може да им се спротивстави на оние сили што би сакале да ја дестабилизираат Унијата. 

Кос додаде и дека со спроведувањето на процесот на проширување и со приемот на сите кандидати во ЕУ, блокот првпат во историјата може да го простира на „целиот континентален дел“ на Европа. 

Се очекува во извештаите Еврокомисијата да ја потврди својата посветеност на пристапниот процес и на перспективата за „обединување на Европа“, но и да посочи на одредени пропусти и недостатоци во секоја од државите кандидати за членство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни