Eвропската комисија го презентираше Акцискиот план за европско лидерство во вештачка интелигенција
„Трката за лидерство во ВИ сè уште не е завршена. Од напредни foundation модели до специјализирани ВИ апликации, пејзажот на ВИ во ЕУ е динамичен. Тој е движен од истражувања, нови технологии и напредни екосистеми на стартапи и компании во развој“ се вели во соопштението на ЕК.
Целта на новиот Акцискиот план за ВИ на Европската Комисија објавен неодамна, е ЕУ да стане глобален лидер во вештачката интелигенција (ВИ).
Како што претседателката фон дер Лајен изложи на Самитот за акција за ВИ во февруари 2025 година во Париз, оваа амбициозна иницијатива има за цел да ги трансформира силните традиционални индустрии на Европа и нејзиниот исклучителен талент во моќни двигатели на иновации и забрзување во областа на ВИ.
„Трката за лидерство во ВИ сè уште не е завршена. Од напредни foundation модели до специјализирани ВИ апликации, пејзажот на ВИ во ЕУ е динамичен. Тој е движен од истражувања, нови технологии и напредна екосистема на стартапи и компании во развој“ се вели во соопштението на ЕК.
Акцискиот план за континентот на ВИ ќе ги зајакне иновациските капацитети на Европската Унија преку активности и политики организирани околу пет клучни столба:
Изградба на голема инфраструктура за ВИ податоци и компјутерски капацитети
Комисијата ќе ја зајакне европската ВИ и суперкомпјутерска инфраструктура со мрежа на ВИ Фабрики. 13 од овие фабрики веќе се поставуваат околу европските светски водечки суперкомпјутери. Тие ќе ги поддржат стартапите, индустријата и истражувачите од ЕУ во развој на ВИ модели и апликации.
Како што е најавено во Компасот за конкурентност, ЕУ ќе помогне и во воспоставување на ВИ Гигафабрики – големи објекти опремени со околу 100.000 современи ВИ чипови, четири пати повеќе од тековните фабрики. Тие ќе интегрираат огромна компјутерска моќ и дата-центри за обука и развој на комплексни ВИ модели на невидено ниво. Овие Гигафабрики ќе ја предводат следната генерација на напредни ВИ модели и ќе ја зачуваат стратешката автономија на ЕУ во критични индустриски сектори и науката. Заинтересирани конзорциуми можат да се пријават преку повикот објавен денес.
Приватните инвестиции во Гигафабриките дополнително ќе се поттикнат преку InvestAI, иницијатива која ќе мобилизира 20 милијарди евра за финансирање до пет ВИ Гигафабрики низ Унијата.
За стимулирање на инвестиции во облак и дата-центри, Комисијата ќе предложи и Закон за развој на Облак и ВИ, со цел тројно зголемување на капацитетот на ЕУ дата-центрите во следните 5–7 години, приоритетно одржливи центри.
Зголемување на пристапот до големи и квалитетни податоци
Поттикнување на иновации во ВИ бара пристап до големи количини квалитетни податоци. Важен елемент од Планот е создавање на Лаборатории за податоци, кои ќе ги собираат и курираат податоците во ВИ Фабриките. Во 2025 година ќе се лансира Стратегија за Унија на податоци, со цел создавање вистински внатрешен пазар за податоци кој може да ги скалира ВИ решенијата.
Развој на алгоритми и поттикнување примена на ВИ во стратешки сектори
И покрај потенцијалот на ВИ, само 13,5% од компаниите во ЕУ ја имаат применето технологијата. За развој на приспособени ВИ решенија, нивна индустриска употреба и целосна примена во јавни и приватни сектори, Комисијата ќе ја лансира Стратегијата Примени ВИ. Европската инфраструктура за иновации, вклучувајќи ги ВИ Фабриките и Европските дигитални иновациски центри (EDIHs), ќе имаат клучна улога.
Зајакнување на ВИ вештини и таленти
За да се задоволи растечката побарувачка, Комисијата ќе го олесни меѓународниот прием на висококвалификувани ВИ експерти преку иницијативи како Talent Pool, Marie Skłodowska-Curie MSCA Choose Europe и стипендии од новата ВИ Академија за вештини. Овие мерки ќе придонесат за легална миграција на високообразувани работници од трети земји и ќе ги вратат најдобрите европски ВИ експерти назад во ЕУ. Ќе се развијат и образовни и обуки за ВИ и Генеративна ВИ во клучни сектори, за следната генерација ВИ специјалисти и преквалификација на работната сила.
Поедноставување на регулативите
Законот за ВИ ја зголемува довербата на граѓаните и обезбедува правна сигурност за инвеститорите и претприемачите. Комисијата ќе ја воспостави и Служба за поддршка за ВИ Закон, како централен контакт и извор на информации за усогласување.
Со овој Акциски план, Комисијата отвора две јавни консултации, кои ќе траат до 4 јуни 2025 година и тоа Јавна консултација за сите заинтересирани околу Законот за облак и ВИ развој и Јавна консултација за Примена на ВИ – приоритети, предизвици и решенија. Трета јавна консултација за Стратегијата за Унија на податоци ќе започне во мај
Паралелно, Комисијата ќе организира дијалози со индустријата и јавниот сектор за да ја обликува стратегијата „Примени ВИ“. Тие ќе идентификуваат неискористени можности за ВИ во специфични сектори и можности за скалирање.
На 1 август 2024 година Законот за ВИ стапи во сила. На 24 јануари 2024, Комисијата лансираше пакет мерки за поддршка на стартапи и мали бизниси во развој на доверлива ВИ. На 10 декември 2024, беа избрани седум конзорциуми за ВИ Фабрики, а на 12 март 2025 уште шест. „Вештачката интелигенција е во срцето на зголемување на конкурентноста, безбедноста и технолошката самостојност на Европа. Време е за дејствување. Овој Акциски план ги утврдува клучните области каде треба да ги интензивираме напорите за да ја направиме Европа водечки континент на ВИ. Тоа значи посилна економија, нови работни места, напредок во здравството, транспортот, образованието и одбрана од сајбер закани“ вели Хена Виркунен, Извршен потпретседател за технолошки суверенитет, безбедност и демократија.