ЕК го комплетира предлогот на Буџетската рамка на ЕУ за периодот 2028-2034 година 

ЕК го комплетира предлогот на Буџетската рамка на ЕУ за периодот 2028-2034 година 

Со денешниот предлог за Програмата за единствениот пазар и царините се предвидуваат 6,2 милијради евра, а програми поврзани со правдата – 800 милиони евра, за истражувања и обука во рамките на Евроатом – 6,7 милијарди евра, за Инструментот за соработка во нуклеарната безбедност – близу една милијарда евра, за поддршка на 13-те прекуокеански територии на ЕУ, вклучувајќи го и Гренланд – речиси една милијарда евра и за Програмата „Перикле 5“ наменета за спречување и борба против фалсификувањето на еврото – седум милиони евра. 

Со денешните предлози Комисијата ја комплетира предложената финансиска рамка на ЕУ за од 2028 до 2034 година, чиј вкупен износ е речиси 2.000 милијарди евра, што било на ниво од 1,26 проценти од просечниот бруто национален доход на ЕУ за посочениот период. 

Буџетската рамка е фокусирана на реализација на приоритетите на ЕУ, како што се конкурентноста, одбраната, безбедноста, декарбонизацијата, проширувањето, одржливоста и економската, социјалната и територијалната кохезија. 

Предлогот предвидува и поголема флексибилност, со што ЕУ добива можност да дејствува и да реагира брзо во неочекувани околности или при појава на нови политички приоритети, како и поедноставни и хармонизирани финансиски програми со што граѓаните и компаниите полесно ќе можат да пристапат до финансирање. 

Со буџетот се предвидени и средства за локални потреби, за националните и регионалните планови за инвестиции и реформи и обезбедување пофлексибилна поддршка за економска, социјална и територијална кохезија, како и за поттик на конкурентноста и иновациите и развојот на чиста и паметна технологија. 

Според предложениот документ предвидени се сопствени ресурси за приходи за реализација на приоритетите, со што се минимизира притисокот врз националните јавни финансии на земјите членки. 

По целосната презентација на идната Повеќегодишна буџетска рамка на Унијата сега треба да започне дискусија по неа меѓу земјите членки во рамки на Советот на ЕУ, како следна фаза од постапката за нејзино усвојување. Целиот процес на усвојување се очекува да заврши до втората половина на 2027 година. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни