Европската граѓанска иницијатива за финансиска поддршка од ЕУ за безбедни и достапни абортуси

Европската граѓанска иницијатива „Мојот глас, мојот избор“ собра над 1,1 милион потписи за финансиска поддршка на безбедни абортуси. Комисијата ќе одлучува до март 2026.

Европската граѓанска иницијатива „Мојот глас, мојот избор: За безбеден и достапен абортус“ е поднесена до Европската комисија, станувајќи 12-та успешна иницијатива која ќе биде разгледана од Комисијата. По нејзината регистрација во април 2024 година, иницијативата собра 1.124.513 валидни поддржувачки изјави од граѓани на ЕУ, надминувајќи го потребниот минимум од еден милион и достигнувајќи прагови во 19 земји членки.

Организаторите повикуваат Комисијата да поднесе предлог за финансиска поддршка на земјите членки, со цел да им овозможи да обезбедат безбедно прекинување на бременоста за секој кој во Европа нема пристап до безбедни и легални абортуси.

Секоја таква поддршка треба да биде во согласност со ограничувањата на член 168(7) од Договорот за функционирање на ЕУ, кој истакнува дека дејствијата на ЕУ мора да ги почитуваат одговорностите на земјите членки во дефинирањето на нивната здравствена политика и организирањето на здравствените услуги и медицинската грижа. Иницијативата не се однесува на утврдување право на абортус на ниво на ЕУ.

Во одлуката за регистрација, Комисијата потенцира дека ќе може да постапува по иницијативата само доколку таа не се стреми или не предизвикува нарушување на законодавството за јавен ред на земјите членки, ниту пак на здравствените и етичките избори кои ги донесуваат земјите членки во рамки на нивните здравствени надлежности.

Поднесувањето на иницијативата не влијае на конечната одлука на Комисијата за нејзините заслуги или можните акции што би ги презела. Комисијата има рок до 2 март 2026 година да го објави официјалниот одговор, во кој ќе ги наведe преземените чекори, доколку има такви. Во наредните недели Комисијата ќе оствари средба со организаторите за детална дискусија, а потоа Европскиот парламент ќе организира јавна расправа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни