Европската федерација на новинари ја напуштa мрежата „Икс“

Федерацијата претставува над 295 илјади новинари во 44 држави

Европската федерација на новинари (ЕФЈ) одлучи да не објавува ништо на платформата „Икс“ на Илон Маск од 20 јануари 2025 година, кога Доналд Трамп официјално ќе стане 47. претседател на САД.

Од ЕФЈ велат дека повеќе не е етички да учествува во социјалната мрежа која нејзиниот сопственик ја претворил во машина за дезинформации и пропагандна.


По победата на Трамп на последните претседателски избори во САД, ЕФЈ забележала закана за демократијата и за слободата на говорот имајќи предвид дека Илон Маск е избран да го води новиот Оддел за владина ефикасност.

„Не можеме да продолжиме да учествуваме во социјалната мрежа на човек кој прогласи смрт на медиумите, а со тоа и на новинарите“, велат од ЕФЈ и додадоа дека откако била купена од Илон Маск, мрежата е во спротивност со нивните хуманистички вредности, нивната посветеност на слободата на медиумите, медиумскиот плурализам и на борбата против сите форми на омраза и дискриминација.

Веднаш по изборот на Трамп, Илон Маск, кој беше активен во американската политика и финансиски поддржувач на Трамп, изјави дека „традиционалните медиуми се мртви“, тврдејќи дека поголемиот дел од нив ја лажеле јавноста.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни