Европската централна банка: Расте побарувачката за кредити кај домаќинствата во еврозоната

Европската централна банка соопшти дека побарувачката за кредити кај домаќинствата во еврозоната продолжува да расте, поттикната од ублажената монетарна политика и поповолните услови за задолжување.

Побарувачката за банкарски кредити кај домаќинствата во еврозоната продолжи да расте и во декември, покажува најновиот извештај на Европската централна банка (ЕЦБ) за монетарните движења.

Според податоците, вкупните позајмици на банките кон домаќинствата во еврозоната во декември пораснале за 3 проценти на годишно ниво, достигнувајќи износ од 7,11 билиони евра. Со тоа се забрзува растот во однос на ноември, кога изнесуваше 2,9 проценти, како и во однос на октомври, кога беше 2,8 проценти.

Европската централна банка оценува дека овој тренд ја одразува континуираната и засилена побарувачка за кредити од страна на домаќинствата, која главно е поттикната од ублажувањето на монетарната политика и поповолните услови за задолжување во еврозоната.

Зголемениот кредитен интерес се поврзува со постепеното олеснување на финансиските услови, што влијае врз потрошувачките и станбените кредити, во услови на стабилизирање на инфлацијата и каматните стапки.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни