Европската асоцијација АДАС: Полнете ги резервоарите, бензините ќе поскапат

Најголемата европска автомобилска асоцијација, германската ADAC, ги повикува граѓаните да ги полнат резервоарите за автомобили бидејќи цените на горивото се планира да растат поради конфликтот меѓу Иран и Израел.

Најголемата европска автомобилска асоцијација, германската ADAC, ги повикува граѓаните да ги наполнат резервоарите за автомобили бидејќи цените на горивото се планира да растат поради конфликтот меѓу Иран и Израел.

По израелскиот напад врз Иран, цените на суровата нафта и природниот гас нагло пораснаа. Во Германија бензините и дизелот веќе во петокот попладне беа поскапи во просек за два центи за литар во однос на претходниот ден, покажуваат податоците на ADAC (Германски авто-мотор клуб).

„Порастот на цените нема да запре“

Авто-клубот смета дека растот на цените нема да запре тука. Нафтените компании веројатно брзо ќе ги пренесат повисоките цени на суровата нафта на крајните потрошувачи, изјави портпаролот на ADAC, пренесува Дојче веле.

Според ADAC, ова мало зголемување на цените на горивата нема да трае долго: цената на барел нафта од типот Брент скокна од околу 69 на околу 75 долари во споредба со четвртокот, рече портпаролот. Нафтените компании, според сите сметки, брзо ќе го пренесат тој раст на потрошувачите.

„Полнете навечер“

Германскиот медиум Funke Media Group претходно објави за предвидувањата на ADAC. „Прашањето е дали ќе има реални ограничувања за испораката на нафта од Иран, на пример, ако има блокада на Ормутскиот теснец или дали цените ќе се зголемат поради стравот од натамошна ескалација на Блискиот Исток“, рече портпаролот. „И двете сценарија се можни, но првично горивото најверојатно ќе поскапи.

Препорака за возачите: полнат гориво на време, „идеално навечер, бидејќи тогаш горивото е најевтино во текот на денот“. Во моментов, литар бензин на пумпите во Германија во просек чини околу 1,65 евра, а дизелот 1,54 – што е нешто повеќе отколку пред израелскиот напад врз Иран.

Пошироки економски последици од кризата

На вестите од Блискиот Исток берзите реагираа со умерени падови. Златото и државните обврзници станаа барани како сигурни инвестиции во време на криза. Поради ескалацијата на конфликтот, германските бродски компании се загрижени за безбедноста на комерцијалниот превоз. Авиосообраќајот во регионот е исто така ограничен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни