Европска земја им забрани влез на Руси кои учествувале во војната во Украина

Естонија воведе забрана за влез за 261 Русин што учествувале во војната во Украина и повика на иста мерка на ниво на цела ЕУ.

Естонската влада воведе забрана за влез во земјата за 261 руски државјанин кои учествувале во војната во Украина. Министерот за надворешни работи на Естонија, Маркус Цахкна, порача дека „ова е само почеток“ и ги повика и другите европски држави да преземат слични мерки.

Естонија, која има директна граница со Русија, побара забраната за издавање визи за руски ветерани од војната во Украина да се прошири на ниво на целата Европска унија.

За оваа иницијатива земјата добила поддршка од балтичките и нордиските држави. Според проценките на естонското Министерство за внатрешни работи, во инвазијата учествувале до 1,5 милиони Руси, од кои приближно половина биле распоредени на првите борбени линии, објавува The Guardian.

Причини за забраната

Министерот за внатрешни работи на Естонија, Игор Таро, изјави дека заканата не е „теоретска“, нагласувајќи дека овие лица имаат „борбено искуство и воена обука, а често и криминално минато“.

Од Министерството за внатрешни работи порачаа дека за оние кои извршиле злосторства во Украина „нема место во слободниот свет“.

Мерката ја поздрави и украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, кој забраната за влез ја нарече „неопходна безбедносна мерка“ и „јасен сигнал дека неказнивоста нема да биде толерирана“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни